Деси хип-хоп — израз кој означува тип на музика и култура која ги соединува хип-хопот и индискиот потконтинент ; поимот деси се однесува на дијаспората во Јужна Азија. Терминот исто така се користи и како алтернатива за рап а понекогаш поп-музика која изведена од рап изведувачи со јужноазиско потекло.

Преглед

уреди

Со лансирањето на вториот албум на Бохемија (рап изведувач) со вистинско име Песа Наша Пиар (2006), чии видео записи како „Кали Денали“, „Курти“ и „Сахара“ станале големи хитови, се појавил нов интерес за јужно азиските-деси јазици во раните 2000-ти .[1][2] И покрај тоа што имала неколку повремени хитови во овој период, деси хип-хоп сцената била окарактеризирана како андерграунд, со многу специфична и лојална публика.[3] Хип-хоп културата, вклучувајќи ги графитите и брејкденсот започнале да се појавуваат во клубовите и уличната култура на големите градови како Делхи и Мумбаи .[4]

Во 2011-тата година, извршниот директор за технологија од Силициумската Долина Хардик Дејв кој воедно бил и љубител на правецот го лансирал DesiHipHop.com за јужноазиските хип-хоп уметници. Во 2019 година, DesiHipHop Inc заочнала соработка со Sony Music Entertainment India за да ја искачи оваа категорија и култура на глобално ниво.

Исто така, 2017-та година придонела за голем напредок во овој правец или стил на музика со почетокот на тн. рап двобој кој бил воведен од продукциската куќа со име 6FU. Рап битките се нешто што потекнува од западните земји, а Индија тогаш станала сведок на својата прва рап битка на регионални јазици преку првиот настан на 6FU, Frontline во Делхи. Продукциската куќа преку својот youtube канал во 2017 година им дала на подземните рапери нова надеж да бидат слушнати и да направат своја кариера. .

Соработки

уреди

Деси хип-хопот се споил со западниот хип-хоп повеќе пати, особено кога соработувале музичари од двете страни на светот. Американскиот рапер Снуп Дог соработувал со различни уметници како раперот Д-р Зевс, Бохемија , бендот RDB а неодамна и со Емивеј Бантаи . Бохемија соработувал со хип-хоп уметници како Шон Кингстон, Ирај Верарат и Бејби Баш. Групата RDB работела на проекти со различни хип-хоп артисти како што се T-Pain и Лудакрис . Во 2016година, познатиот индиски рапер Бадшах направил песна со музичарот Шон Пол, која имала наслов „Move Your Body“. Деси рап изведувачите кои биле родени и / или израснати на Западот, исто така, ги вкрстиле културите преку нивната музика, вметнувајќи примеси од деси културата. Аник Кан направил спој на културата од Квинс и бенгали-јазикот кој се зборува во Бангладеш.[5] Во 2017 година, пакистанскиот рапер Али Каз соработувал со WWE музичкиот продуцент Џим Џонсон за песната на WWE борачот Џиндер Махал . Во 2017 година, Бадшах направил уште една меѓународна соработка со Мејџор Лејзер како комерцијална промоција на пиварницата Туборг.

Во 2017 година,хип-хоп групата од Лос Анџелес - Банга Бангла - вовела еден нов вид на трап музика со јужноазиски приказни и текстови.Тие всушност создале ново трап-движење кое го привлекло вниманието на публиката ширум светот.[6] Во 2019 година, Дивајн и Наези направиле соработка со американскиот рапер Нас .

Спорови

уреди

Кога Бохемија го издал својот петнаесетти сингл „Charso Bees“ од албумот Da Rap Star во тестот напишал „Loki bolde ve appa karke vakhaya“. Подоцна во песната „Hummer" на Нишан Булар од албумот The Folkstars, ударот бил возвратен со стихот „Loki bolde ve appa karke vakhaya". Ова го налутило раперот Бохемија па тој започнал да пишува текстови и јавно да говори против Хани Синг на неговите концерти.[7]

Поради промоцијата во филмовите од Боливуд, рапот како музика станала одомаќинета и па се зголемила и нејзината продукција, особено во музичката индустрија во Панџаби .[8] Во тек е дебатата меѓу хип-хоп заедницата за тоа кој е придонесот на Хани Синг во овој жанр на музика. Додека некои уметници, вклучувајќи ги Бадшах,[9] Ика,[10] Дип Пари [11] и Манџ Мусик го признале неговиот придонес во индустријата, други како Рафтар,[12] Бохемија [7] и Имран Кан [13] отворено го негирале. Исто така, постои негативен сентимент кај некои следбеници на хип-хоп културата во Индија во врска со неодамнешната комерцијализација на жанрот.[14] И покрај тоа што многу обожаватели не се задоволни од неодамнешната комерцијализација на хип-хопот во Индија, таа довела и до проширување на андерграунд сцената, па сега независни уметници можат да изградат кариера во индискиот хип-хоп . Поради ова, генерално се смета дека деси хип-хопот има светла иднина пред себе.[1]

Користена литература

уреди
  1. 1,0 1,1 Mahmood, Rafay. „Bohemia: More than just forties and shorties“. The Express Tribune. Tribune.com.pk. Посетено на 14 September 2015.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bohmtv.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rapscene.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име scene.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име :1.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име dhakatribune.com.
  7. 7,0 7,1 „Rap or crap? Bohemia hurls abuses and rips apart Yo Yo Honey Singh!“. Daily Bhaskar. 3 September 2015. Посетено на 14 September 2015.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име toipindustry.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име badshah.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ikka.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име deepmoney.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име toirest.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име imranint.
  14. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rolling.