Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Во моралната филозофија, деонтолошката етика или деонтологијата (од старогрчки: δέον 'должност, обврска + λόγος, 'учење') е нормативно етичка теорија според која моралната исправност на едно дело треба да се заснова врз тоа дали самото дело е правилно или погрешно следејќи одредени правила, наместо врз основа на последиците на истото. [1] Понекогаш може да се опише и како должност или обврска. [2] [3] Деонтолошката етика вообичаено им се спротивставува на консеквенцијализмот, [4] доблесната етика и прагматичната етика. При овој термин, самото дело е позначајно од неговите последици.

Терминот деонтолошки првпат бил искористен во неговиот денешен, специјлизиран контекст од страна на Ц.Д. Брод во својата книга напишана во 1930 - Петте вида на етичка теорија . [5] Пред тоа бил употребен од страна на Џереми Бентам, кој го измислил пред 1816 година како синоним за дикастичка или цензурална етика (т.е. етика заснована врз расудување). [6] Поопштата смисла на зборот е задржана во францускиот јазик, особено во терминот code de déontologie ( етички кодекс), во контекст на професионалната етика .

Во зависност од системот на деонтолошка етика, морална обврска може да произлезе од надворешен или внатрешен извор, како на пример: збир правила својствени за универзумот (етички натурализам), религиозно право, или збир на лични или културни вредности (било кој од кои може да биде во конфликт со личните желби).

  1. „Deontology dictionary definition | deontology defined“.
  2. Waller, Bruce N. 2005. Consider Ethics: Theory, Readings, and Contemporary Issues. New York: Pearson Longman. p. 23.
  3. „Deontology“. Ethics Unwrapped (англиски). Посетено на 2020-05-27.
  4. Flew, Antony. 1979. "Consequentialism." Pp. 73 in A Dictionary of Philosophy (2nd Ed.). New York: St. Martin's.
  5. Beauchamp, Tom L. 1991. Philosophical Ethics: An Introduction to Moral Philosophy (2nd ed.). New York: McGraw Hill. p. 171.
  6. Bentham, Jeremy. 1816. Chrestomathia. London. p. 213–14: "For a synonym, Dicastic Ethics may have the single-worded appellative Deontology.*" Corresponding footnote: "*[Deontology.] From two Greek words, the first of which signifies fit, fitting, right, becoming, proper. Deontology—an account or indication of that which, on the occasion in question, whatsoever it be, is—(i.e. by him who speaks or writes, is regarded as being)—fit, fitting, becoming, proper. It is in sound only, and not in signification, that it has any connexion with the word [ontology], employed above. Applied to every branch of Ethics, taken in the largest sense of the word Ethics, the use of such a word as Deontology affords a promise of being attended with considerable convenience. It will accord equally well with every system which ever has been, or ever can be, devised, in relation to the foundation of moral obligation :—in the use of it, no such incongruity and presumption is involved, as that which is called petitio principii—i.e. a begging of the question—an assumption of the matter in dispute."