Ден на Република Српска
Ден на Република Српска — национален празник на Република Српска прогласен за неуставен од Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Празникот се слави на 9 јануари, а негов неофицијален заштитник е Свети Архиѓакон Стефан, кој паѓа на истиот ден.[1][2]
9 јануари 1992
уредиНа 9 јануари 1992 година во Сараево, неуставното собрание на српскиот народ во Босна и Херцеговина ја објави Декларацијата за прогласување на Република на Српскиот народ на Босна и Херцеговина, со главна цел, отцепување од Република Босна и Херцеговина, денес Босна и Херцеговина. Републиката е прогласена на териториите на Српските автономни региони, вклучувајќи ги и областите каде што Србите сочинуваат малцинство.
По уставната забрана од 2015 година
уредиУставниот суд на Босна го прогласи празникот за неуставен на 26 ноември 2015 година.[3] Пресудата беше игнорирана од владата на Република Српска.
Во 2016 година се одржа референдум за празникот, референдумот беше прогласен за неуставен од Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
И покрај судската одлука дека празникот е неуставен и жестоките критики од страна на Бошњаците и дел од меѓународната заедница, низ цела Република Српска се одржуваат прослави, вклучително и паради и претстави.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди
- ↑ „Zakon o praznicima Republike Srpske“. Zakoni (српски). People's Assembly of Republika Srpska. 27 July 2005. Архивирано од изворникот на 11 June 2009. Посетено на 10 April 2009.
- ↑ Пријеми поводом Дана РС и крсне славе („РТРС”, 4. јануар 2014), Посетено на 3. 1. 2017.
- ↑ https://www.rferl.org/a/bosnian-serbs-celebrate-contentious-republika-srpska-day-/30368355.html
- ↑ https://balkaninsight.com/2020/01/09/bosnian-serbs-mark-illegal-holiday-with-grand-parade