Денот на Свети Кнут
Денот на Свети Кнут[1] или празникот на Свети Кнут, е традиционален фестивал кој се слави во Шведска и Финска на 13 јануари. Не се слави на овој датум во Данска (денот на Кнут бил преместен во Шведска, а не во Данска) и покрај тоа што е именуван по данскиот принц Кануте Лавард, а подоцна исто така се поврзува со неговиот вујко, Светиот Кануте, заштитникот на Данска.[2][3][4]
Денот на Свети Кнут | |
---|---|
Кануте Лавард | |
Го празнува(ат) | Шведска, Финска, Естонија |
Датум | 13 Јануари |
Божиќните елки се симнуваат на дваесеттиот ден од Божиќ , а се јадат бонбоните и колачињата кои го украсиле дрвото. Во Шведска, празникот што се одржува за време на овој настан се нарекува забава на Кнут ( буквално „Пљачкање на новогодишна елка“).[5]
Потекло
уредиКануте Лавард (Кнут Левард на шведски) бил дански војвода кој бил убиен од неговиот братучед и ривал Магнус Нилсон на 7 ми јануари 1131 година за да може да го езурпира данскиот престол.[6][7] После неговата смрт имало граѓанска војна, што довело до тоа Кнут подоцна да биде прогласен за светец.[2]
Бидејќи неговиот именден приближно се совпаѓа со Богојавление („тринаесеттиот ден од Божиќ“), Денот на Кнут и Богојавление биле изедначени до одреден степен. Во 1680 година, Денот на Кнут бил поместен на 13 јануари и станал познат како („дваесеттиот ден на Кнут/Божиќ“).[7]
Финска
уредиЗабележана е традиција која е донекаде аналогна на модерниот Дедо Мраз, каде млади мажи се облекувале како кози. Обично фустанот бил превртена крзнена јакна, маска од кожа или кора од бреза и рогови. За разлика од Дедо Мраз, Нутипуки бил застрашувачки лик (сп. Крампус). Мажите облечени како нутипуки талкале од куќа до куќа, влегувале и обично барале храна од домаќинството и особено остатоци од алкохолни пијалоци.[8]
Во Финска Нутипуки традицијата сè уште е жива во областите на Сатакунта, Југозападна Финска и Остроботна. Меѓутоа, во денешно време ликот обично го играат деца и сега вклучува среќна средба.[9]
Шведска
уредиВо Шведска, Денот на Свети Кнут го означува крајот на сезоната на Божиќ и празниците. Се слави со вадење на елката и танцување околу неа. Во денешно време празникот е главно за деца.[5]
Наводи
уреди- ↑ „St. Knut's Day definition of St. Knut's Day in the Free Online Encyclopedia“. Encyclopedia2.thefreedictionary.com. Посетено на 13 January 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Tjugondag Knut“ [St. Knut's Day]. www.nordiskamuseet.se. Nordic Museum. 2013-02-26. Посетено на 10 January 2016.
- ↑ Henrikson, Alf (2013). Svensk Historia [Swedish History] (шведски). Albert Bonniers Förlag. ISBN 978-9100136567.
- ↑ „Knut kör julen ut“ [Knut drives out Christmas]. www.firajul.nu. FiraJul. Архивирано од изворникот на 2017-12-24. Посетено на 14 January 2016.
- ↑ 5,0 5,1 „Julgransplundring: Rocking around the Christmas Tree“. Your Living City. 3 January 2014. Посетено на 10 January 2016.
- ↑ Bricka, Carl Frederik (1897). Dansk Biografisk Lexikon. XI. Maar – Müllner. стр. 45.
- ↑ 7,0 7,1 af Klintberg, Bengt (2001). Namnen i almanackan [The Names of the Calendar] (шведски) (1. изд.). Stockholm: Norstedts ordbok. ISBN 91-7227-292-9. Предлошка:LIBRIS.
- ↑ YLE: Nuutinpäivä korjaa joulun pois (in Finnish)
- ↑ „Satakunnan Kansa“. Satakunnankansa.fi. 13 January 2011. Архивирано од изворникот на 13 January 2014. Посетено на 13 January 2014.