Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“
Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“ — конспиративна политичка организација во Народна Република Македонија, основана да дејствува за остварување на илинденскиот идеал за самостојна независна македонска држава.[1] Дејствувала во периодот од 1945 до 1946 година.[2]
Пред одржувањето на Париската мировна конференција, Организацијата подготвила Меморандум (во 1946 година) со кој од владите на големите Сојузнички сили: САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз барала на македонскиот народ, сојузник во антифашистичката коалиција, кој дал свој придонес во Антифашистичката војна, да му се признае правото на слобода, обединување и создавање независна македонска држава.[3]