Демографија на Бурунди

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Бурунди изнесува 8 090 068 луѓе.

Динамика на населението
Пирамида на старосна структура

Население

уреди
Вкупно население (x 1000) Население на возраст 0–14 (%) Население на возраст 15–64 (%) Население на возраст 65+ (%)
1950 2 456 40,9 55,9 3,2
1955 2 687 42,8 54,1 3,1
1960 2 940 44,0 53,0 3,0
1965 3 213 45,0 51,9 3,1
1970 3 513 44,6 52,2 3,3
1975 3 680 45,5 51,1 3,4
1980 4 130 44,7 51,8 3,5
1985 4 851 43,7 52,9 3,3
1990 5 602 44,6 52,3 3,2
1995 6 087 46,0 51,0 3,0
2000 6 374 46,2 50,9 2,9
2005 7 251 41,8 55,4 2,9
2010 8 383 37,9 59,3 2,9

Старосна структура

уреди
0-14 години: 46,3% (мажи 1 884 825, жени 1 863 200)
15-64 години: 51,1% (мажи 2 051 451, жени 2 082 017)
65 години и повече: 2,6% (мажи 83 432, жени 125 143) (2006)

Раст на населението

уреди
3,70% (2006)

Коефициент на плодност

уреди
 
  • 6,48 родени деца/жена (2007)
  • 6,33 родени деца/жена (2009)

СПИН

уреди
заразено население: 6% (2003)
луѓе кои го имаат вирусот СПИН: 250 000 (2003)
смртни случаи: 25 000 (2003)

Етнички состав

уреди

Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини.[1] Густината на населението на Бурунди е 315 жители на квадратен километар. Околу 85% од населението му припаѓа на народот Хуту, 15 % се Туци и мал број на Твас.[2]

Јазици

уреди

Службени јазици во државата се рунди и францускиот, но се зборува и свахили.

Религија

уреди

Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија се домородните верувања. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.[3]

Наводи

уреди
  1. MacDonald, F., Peoples of Africa, стр. 62.
  2. Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, ix.
  3. U.S. Department of State

Надворешни врски

уреди