Декупаж е уметност на украсување на објект со лепење на обоена хартија на подлогата во комбинација со специјални ефекти на бои, златни ливчиња и други декоративни елементи. Вообичаено,објектот е кутија или делови од мебел кои се украсуваат со исечоци од списанија или салфети или наменски произведени слики на специјална декупаж хартија или печатени слики на оризова или обична обработена хартија. Секој слој е запечатен со лакови и резултатот изгледа како сликарство или специјална техника на работа. Традиционалната техника користи дури 30 до 40 слоја на лак кои потоа се обработуваат.

Декупаж во облик на роза

Потекло

уреди

Зборот декупаж потекнува од францускиот "децоупер", што значи да исече или намали од нешто. Како потекло на декупаж се смета исток на Сибир каде со оваа техника биле украсувани гробниците. Номадските племиња користеле насечкан филц за украсување на гробовите на своите починати. Од Сибир, практиката дошла до Кина, а од 12 век, исечена хартија се користела за украсување на лампиони, прозорци, кутии и други предмети. Во 17 век, Италија, особено Венеција, била на чело на трговијата со Далечниот Исток и општо мислење е дека по пат на овие трговски врски, украси сечени од хартија преминалевоЕвропа.

 
Декупаж

Фирентински декупаж

уреди

Занаетчиите во Фиренца, Италија, произвеле украсни предмети користејќи ја техниката декупаж уште од 18 век. Тие изработувале предмети комбинирајќи го декупажа со другите декоративни техники веќе популарни во Фиренца, како што е гилт со златни ливчиња и дизајн врежан во дрво. Овие постари техники веќе се користеле за производство на предмети како што се мебел, рамки за слики, па дури и обработена кожа за корици на книги. Познат како фирентински занаетски стил, овие предмети сега се многу важни антиквитети на многу колекционери. Фирентинските занаечии го корителе декупаж за додавање на слика во простор внате во изклесани позлатени рамки, или со додавање на декупаж на дрвена плоча. Занаетчиите користеле налепени репродукции на познати уметнички дела и скоро секогаш верски прикази. Фирентински триптиси користат декупаж на слики со библиски сцени, а распетијата се заеднички мотив на овие слики. На почетокот на 20 век, не-римокатоличките туристи почнале да ги купуваат делата на фирентинските занаетчии и декупаж сликите станале помалку религиозни и повеќе одразувале слики на познати италијански уметнички дела во целина.

Познати приврзаници на декупаж

уреди

Овој вид на декорација на мебел имала свои приврзаници помеѓу познати луѓе од различни епохи меѓу кои се Мадам де Помпадур, Марија Антоанета, дури и сликарите Матис и Пикасо.[1]

Материјал за декупаж

уреди

Материјалот за декупаж мож еда биде многу евтин, импровизиран, од обично лепило за дрвено, гипсани подлоги кои лесно се прават и обични акрилни бои кои можатда се купат во секоја продавница за фарби, до специјални подлоги за работа, специјални бои иефекти. Списокот станува сè поголем и техниките стануваат сè понапредни и поразвиени како што поминува времето и оваа техника се развива.[2]

Предмет на кои се изработува декупаж

уреди

Примери вклучуваат: мебел, албуми за слики, плочи од дрво, керамика, стакло и различни материјали, дрвени кутии, послужавници, полици, рамки, огледала, итн.

Слики за декупаж

уреди

Тие можат да дојдат од многу извори: весници, списанија, каталози, книги, печатена хартија, декоративна хартија, честитки, ткаенини, пелир и оризова хартија, чипка, хартиени салфетки итн.

Алати за сечење

уреди

Ножици, а може да се користи и занаетчиски нож, жилет, скалпел, или едноставно мотивот може да се кине.

Лепило

уреди

Постојат специјални лепила за декупаж, кои можат да се најдат во многубројни хоби продавници, а исто така можат да се користат и сите видови на различни лепила, честопати разредени со вода.

Вообичаено се користаат акрилни бои, подлогата најчесто се изработуваат во светла боја, а можат да се користат и други видови на бои.

Четкички

уреди

Потребни се повеќе видови на четкички: четкичка за лепило (најдобро да биде широка и тенка), четкичка за лак (ако сакате вашиот предмет да го прелакирате на крај), четкичка за боја (ако се одлучите на вашиот предмет да му дадете основна боја пред нанесувањена салфетката)

За да го заштитите вашиот труд и да му дадете финален сјај, неопходно е сè да се прелакира со соодветен лак. Лакот може да биде акрилен-декупаж лак, кој е најчест, но исто така и нитро лак, лак за чамци итн.

Наводи

уреди
  1. „Блог о декупажу 1“. Декупаж блог. Архивирано од изворникот на 2017-09-02. Посетено на 9 мај 2017.
  2. „Декупаж блог 2“. Декупаж галерија. Посетено на 9 мај 2017.

Литература

уреди

Надворешни врки

уреди