Декалог 4
„Декалог 4“ (полски: Dekalog, cztery) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Филмот е четвртиот дел од десетте едночасовни филмови на Кишловски, инспирирани од десетте божји заповеди. Главните улоги ги играат: Адријана Бједжинска (Adrianna Biedrzyńska), Јануш Гајос (Janusz Gajos), Артур Барциш (Artur Barciś), Александер Бардини (Aleksander Bardini), Адам Ханушкјевич (Adam Hanuszkiewicz).[1]
Содржина
уредиАнка има 20 години и живее со таткото Михал, додека мајка ѝ умрела одамна. КОга Михал заминува на пат во странство, Анка пронаоѓа писмо кое го напишала мајка ѝ непосредно пред смртта. Анка знае за писмото уште претходно и сега е во искушение да го отвори. По враќањето на Михал, Анка му кажува дека го отворила писмото во кое мајка ѝ пишува дека Михал не е нејзиниот вистински татко. Тогаш доаѓа до преиспитување на нивниот однос, а Анка дури се обидува да го заведе Михал, но тој ја одбива и го задржува својот татковски однос. Најпосле, Анка му ја кажува вистината — таа го фалсификувала писмото. Тогаш, тие одлучуваат да го запалат оригиналното писмо, а на остатоците од изгорената хартија стои: „Михал не е...“