Девојката со тетоважа на змеј (филм од 2011)
„Девојката со тетоважа на змеј“ (англиски: The Girl with the Dragon Tattoo) — филм на режисерот Дејвид Финчер (David Fincher) од 2011 година, снимен по сценариото на Стивен Зајлиан (Steven Zaillian). Главните улоги ги играат: Даниел Крег (Daniel Craig), Руни Мара (Rooney Mara), Кристофер Пламер (Christopher Plummer), Стелан Скарсгард (Stellan Skarsgard), Јорик ван Вагенинген (Yorick van Wageningen), Горан Вишњиќ (Goran Visnjic) и Џулијан Сандс (Julian Sands). Ова е верзија на истоимениот шведски филм од 2009 година, а двата се снимени врз основа на истоимениот роман на Стиг Ларсон (Stieg Larsson). Во 2012 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ за монтажа.[1]
Синопсис
уредиДискредитираниот новинар и сопственик на списанието Милениум, Микаел Бломквист (го игра Крег) започнува потрага по одамна исчезнатата девојка во замена за многу важна информација. Имено, пред 40 години, од семејниот имот исчезнала Хариет, внуката на богатиот бизнисмен Хенрик Вагнер (го игра Пламер). Во потрагата учествува и младата, тетовирана хакерка Лисбет Саландер (ја игра Мара). Двајцата ја откриваат мрачната семејна историја...