Девички Ливаѓе
извор крај реката Треска близу Девич
Девички Ливаѓе — силен извор на вода, карстно врело, во близината на селото Девич во областа Порече. Се наоѓа веднаш непосредно до левиот брег на реката Треска, во подножјето на Девини Кули, на надморска височина од 515 метри и околу 1,5 километри оддалеченост, југоисточно од селото Девич и непосредно до другиот силен извор, карстното врело Асаноец. Се одликува со многу силна издашност и штедрост на вода, која се влева во реката Треска. Водите од врелото Асаноец, кои се одликуваат со голема бистрина и чистота се користат за пиење и наводнување од месното население. Веднаш до изворот се наоѓаат пространи тревнати ливади до реката Треска, од каде изворот и го добил името според месноста Девички Ливаѓе.
Галерија
уреди-
Изворот Девички Ливаѓе
-
Изворот Девички Ливаѓе
-
Изворот Девички Ливаѓе