Асаноец (извор)

извор крај реката Треска близу Девич

Асаноец — силен извор на вода, карстно врело, во близината на селото Девич во областа Порече. Се наоѓа веднаш непосредно до левиот брег на реката Треска, во подножјето на Девини Кули, на надморска височина од 515 метри и околу 1,5 километри оддалеченост, југоисточно од селото Девич. Се одликува со многу силна издашност и штедрост на вода, која се влева во реката Треска. Водите од врелото Асаноец, кои се одликуваат со голема бистрина и чистота се користат за пиење и наводнување од месното население. Водата во изворот Асаноец се појавува од Крапскиот Понор кој се наоѓа далеку на спротивната десна страна на Треска, минувајќи под коритото на течението на Треска. Утврдено е дека подземниот водотек на Крапа (Крапскиот Понор) по сифонски пат го минува коритото на Треска и се појавува преку две заезерени алувијални вртачи во врелото Асаноец, кај село Девич[1]. На овој начин преку загадување на водите во Крапскиот Понор се врши и загадување на врелото Асаноец чии води, од месното население се користат за пиење[2].

Силниот извор Асаноец крај Девички Ливаѓе, веднаш до левиот брег на Треска

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Манаковиќ, Душан (1962). „Хидрографски врски на реката Крапа и изворот Асаноец“. Географски разгледи. 1: 51–58.
  2. Гичевски, Билјана, Темовски, Марјан (2011). „ДЕГРАДАЦИЈА НА ПОДЗЕМНИТЕ КАРСТНИ ФОРМИ ВО ПОРЕЧКИОТ БАСЕН“ (PDF). Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите од Македонија. Посетено на 12 декември 2019.