Посочен од критичарите на мултикултуризмот, феноменот на двојната жртва на жените во мултикултурните контексти можеме да го прикажеме со едно можно сценарио. Како дел од културните разлики на некоја национална заедница, родот, односно родовата култура на таа заедница има карактеристични својства што ги детерминираат родовите односи и искуства. Вообичаено, машките членови на заедницата се во позиција да ги определуваат и артикулираат групните верувања и интереси. Во такви услови, групните права може да бидат дискриминаторски и насилни кон жените. Тие на суштински начин ги ограничуваат правата и капацитетите на жените; или, во поширок контекст, тие ги ограничуваат поединечните права и слободи на членовите на дадената заедница, барајќи од нив да се потчинуваат на групните верувања и норми. Според тоа, феноменот на двојната жртва се состои од потенцијалната дискриминација на жените припаднички на малцинствата од страна на мнозинството, но, и од дискриминацијата на жените во малцинствата од името на мултикултурните барања и интеграција.[1]

Белешки

уреди
  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.