Двокамшични
Радиоларија
Научна класификација
Домен: Еукариоти
(нерангирано) Двокамшични
Надгрупи

Apusozoa
Rhizaria
Excavata
Archaeplastida
Chromalveolata

Двокамшичните или биконти (науч. Bikonta) се еукариотски клетки со две камшичиња. Ова е оддел на еукариотите.[1]

Ензими

уреди

Друга одлика на двокамшичните е спојувањето на два гена во една единица: гените за тимидилатсинтаза (TS) и дихидрофолатредутаза (DHFR) кои шифрираат една белковина со две намени.[2]

Гените засебно се преведуваат во еднокамшични.

Сродство

уреди

Некои испитувања укажуваат на тоа дека еднокамшичните (еукариотна клетка со едно камшиче) се предци на заднокамшичните (Животни, Габи и сродни облици) и Амебозоите, а дека двокамшичните се предци на Архаепластидите (Растенијата и сродните организми), Екскаватите, Ризариите и Хромалвеолатите. Кавалиер-Смит смета дека Безножните, кои најчесто се сметаат за incertae sedis, се всушност двокамшични.

Сродството помеѓу двокамшичните сè уште е недоволно истражено. Кавалиер-Смит ги групира Екскаватите и Ризариите во Кабозоите, а Архаепластидите и Хромалвеолатите во Кортикатите, но барем едно друго испитување укажува на тоа дека Ризариите и Хромалвеолатите сочинуваат клад.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Burki F, Pawlowski J (2006). „Monophyly of Rhizaria and multigene phylogeny of unicellular bikonts“. Mol. Biol. Evol. 23 (10): 1922–30. doi:10.1093/molbev/msl055. PMID 16829542.
  2. Thomas Cavalier-Smith (2006). „Protist phylogeny and the high-level classification of Protozoa“. European Journal of Protistology. 39 (4): 338–348. doi:10.1078/0932-4739-00002.
  3. Burki F, Shalchian-Tabrizi K, Minge M, Skjæveland Å, Nikolaev SI; и др. (2007). „Phylogenomics Reshuffles the Eukaryotic Supergroups“. PLoS ONE. 2 (8: e790): e790. doi:10.1371/journal.pone.0000790. PMC 1949142. PMID 17726520.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Литература

уреди