Двоен Лак (англиски: Double Arch) — познат споменик на природата во облик на пар природни лакови (природни мостови)—едно од најимпресивните атракции во националниот парк Лакови во Јута, САД. До лаковите се стигнува со кратко пешачење (околу 200 м) од паркиралиштето. На нив нема огради и гелендери и посетителите слободно можат да одат под лаковите или да разгледуваат шетајќи низ нив.

Кон Двојниот Лак

На ова место е снимана почетната свена на филмот „Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, во која лаковите накратко се појавуваат. Меѓутоа пештерата прикажана на филмот не постои.

Двоен Лак е создадена на поинаков начин од останатите лакови во паркот. Таа се образувала со водена ерозија од горе, а не од страна, што е потипично.