Даниел Иструмица
Даниел Иструмица (Струмица, ? – Солун, 1654) бил еврејски рабин, родум од Струмица.[1] Долги години бил на чело на Солунската рабинска академија, која се наоѓала во рамките на Португалската синагога.[2] Напишал повеќе Проповеди и Одговори, а заедно со уште четворица рабини, автор е и на еден колективен труд од областа на еврејското право, издаден во Солун во 1655 година. Неговиот внук посмртно ги објавил неговите Одговори под наслов „Maguen guiborin“ во Солун во 1754 година.[3]
Даниел Иструмица | ||
Роден | ? Струмица, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1654 Солун, Отоманско Царство | |
Занимање | рабин |
Наводи
уреди- ↑ Балабанов, Коста (1998). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја. стр. 468. ISBN 9989624437.
- ↑ Јанев, Владимир (2006). Евреите во Македонија XV-XVII век. BIGOSS. стр. 188. ISBN 9989441294.
- ↑ Еврейски извори за обществено-икономическото развитие на балканските земи през XVII век, II, София, 1960, стр. 271.