Даниела де Силваиталијанска математичарка, позната по својата стручност за парцијалните диференцијални равенки.[1][2] Таа е вонреден професор по математика на колеџот Барнард и Колумбискиот универзитет.

Де Силва ги завршила додипломските студии по математика на Неаполскиот универзитет, Федерико Втори, и таму дипломирала во 1997 година.[3] Докторирала на Масачусетскиот институт за технологија во 2005 година. Нејзината дисертација, Постоење и регуларност на монотоните решенија на слободниот граничен проблем, била под менторство на Дејвид Џерисон.[3][4]

По постдокторското истражување на Математичкиот научен истражувачки институт, како и после одреден период како доцент на универзитетот Џонс Хопкинс, таа се приклучила на факултетот Барнард и Колумбија во 2007 година.[3]

Во 2016 година, Де Силва ја освоила наградата Садоски на Здружението на математичарки, за „фундаментален придонес во теоријата на регуларност на нелинеарни елиптични парцијални диференцијални равенки и нелокални интегро-диференцијални равенки“.[2] Во 2018 година, Барнард ја наградил со наградата професор Тоу за истакнати научници и практичари.[5]

Наводи

уреди
  1. „Break This Down: Q & A with Prof. Daniela De Silva on Why Pi Is Bigger Than a Piece of Pie“, Barnard College News, March 14, 2017
  2. 2,0 2,1 „Awards of the AWM“ (PDF), Mathematics People, Notices of the American Mathematical Society, 62 (8): 959–960, September 2015
  3. 3,0 3,1 3,2 Curriculum vitae (PDF), Barnard College, February 6, 2017, Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-26, Посетено на 2018-07-30
  4. Даниела де Силва at the Mathematics Genealogy Project
  5. „Faculty Members Honored with Top Teaching & Research Awards“, Barnard College News, May 11, 2018, Архивирано од изворникот на 2019-04-30, Посетено на 2018-12-23