Данапароид
Данапароид натриум ( трговско име Orgaran®) е лек од групата на хепариноиди што го инхибира згрутчувањето на крвта хепаринот. Се состои од мешавина на гликозаминогликани, кои се добиваат од слузницата на животински црева. Просечната моларна маса е околу 6 далтони. Данапароид е лек од групата на антикоагулантни средства.
Состав
уредиЛекот главно се состои од хепаран сулфат (сулепароид натриум, приближно 84%). Покрај тоа, данапароид натриум содржи дерматан сулфат (натриумова сол на хондроитин сулфат, приближно 12%) и во мала мера хондроитин сулфурна киселина ( хондроитин сулфат како слободна киселина, прибл. 4%).
Само 4% од молекулите на хепаран сулфат имаат висок врзувачки афинитет за антитромбин III. Иако данапароидот, како и хепаринот, е изведен од свинска цревна слузница, смесата не содржи хепаринска фракција.
Механизам на дејство
уредиДанапароид претставува хепариноид, т.е. супстанца слична по стуктура и дејство со хепарин. Според тоа, главниот механизам на дејството на данапароид е инхибиција на активираните коагулациски фактори X и II (тромбин), индиректно, преку засилување на дејството на антикоагулацискиот антитромбин III.
Примена
уредиДанапароид се дава за да се спречување на длабока венска тромбоза во ситуации кога не може да се користи хепарин, т.е. при контраиндикација за хепарин. Тоа се претежно пациенти кај кои недостатокот на тромбоцити е предизвикан од хепарин т.е. во случај на хепарин индуцирана тромбоцитопенија тип 2 (HIT 2).[1][2]
Контраиндикации
уредиДанапароид не треба да се користи, или само по внимателно разгледување, кај луѓе кои веќе имаат наклонетост кон крварење, неконтролиран висок крвен притисок, тешка бубрежна или црнодробна инсуфициенција, чир на желудникот или на дванаесетпалечното црево или крварење во мозокот. Во случај на тешко крварење, ефектот може да се намали со трансфузија на свежо замрзната плазма (англиски: fresh frozen plasma, FFP) Потребна е редовна проверка на бројот на тромбоцити.
Поврзано
уреди- Антикоагулантни средства
- Хемостаза
- тромб (згрутчување на крвта)
Наводи
уреди- ↑ Elizabeth M. Van Cott, Massachusetts General Hospital, Boston MA: Архивирано на {{{2}}}. (PDF; 110 kB).
- ↑ Greinacher, A.: Heparininduzierte Thrombozytopenie Dtsch. Ärztebl. 2003; 100: A 2220–2229 (Heft 34–35).