Дамјан Касапов
Дамјан Касапов (14 февруари 1877 во Смилево) — македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринско револуционерна организација.
Дамјан Касапов | ||
Роден | 14 февруари 1877 Смилево, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Занимање | македонски револуционер |
Животопис
уредиКасапов е роден во 1877 година во Смилево, Отоманско Царство, во денешна Македонија. Завршил IV клас во машката гимназија во Битола и работел како учител. Влегол во редовите на ВМОРО во 1899 година.
Во Илинденското востание бил војвода на чета која броела 26 комити и земал учество во ослободувањето на неговото родно село. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во македонско-одринските доброволни чети и служел во Штабот на I бригада. Во Првата светска војна бил подофицер во 11. дивизија.