Дамијан (починал 924) — византиец кој минал во ислам, владетел на Тарс во 896–897 и еден од главните водачи на поморските напади на Византија на почетокот на X век.

Животопис

уреди

Дамијан бил слуга на евнухот и владетел на Тарс Јазман ел-Кадим (починал 891), кој го признавал господарството на Тулунидите од Египет под владение на ибн Тулоновиот син Кумараваја. Во октомври 896 година, Дамијан бил назначен за владетел на Тарс од тогашиот владетел Ахмад ибн Туган. Јусуф ел-Багмарди бил негов заменик и водач на воените сили во неговата област.[1] Дамијан и ел-Багмарди, сепак, биле протерани во март/април 897 година при бунт на про-абасидската фракција во градот под водство на Рагиб, поранешен мавла на ел-Муафак.[2]

Во 900 година, ел-Табари апишал дека Дамијан побарал од калифот ел-Мутадидда ја запали фотата во Тарс, која се состоела од 50 поголеми бродови, као одмазда за неговото прогонување три години претходно, факт кој доста ја ослабнал муслиманската поморска моќ.[3] Сепак, Дамијан најмногу се истакнал како адмирал. Во 896 година или најверојатно во 901 година, тој го ограбил и опустошил пристаништето Деметрија во Грција.[4] Дамијан подоцна учествувал во походот од 904 година кој бил воден од абасидите за преземање на контролата на Египет, тој раководел со флота по должината на Нил, ги ограбиле неговите брегови, и спречиле пренос на залихи за тулунидските сили по.[5] Во 911 година, тој го нападнал Кипар, кој од VII век бил неутрално Арапско-византиско владение, и го пустошел четири месеци бидејќи жителите на истиот и помогнале на византиската флота под водство на адмиралот Химериј во нападите на крајбрежјето на калифатот една година претходно.[6] Конечно, во октомври 912 година, заедно со одметникот Лав Триполски, тој постигнал силна победа над Химериј недалеку од островот Хиос.[7] Во летото истата година, се спомнува како придружник на владетелот на Киликија тугур, Рустам ибн Бараду, во напад против византиската гранична област Ликанд и нејзиниот ерменски владетел Мелија. Мелија бил опсаден во неговата тврдина, но арапите не успеале да го заземат.[8]

Дамијан починал во 924 година додека водел напад против византиската тврдина Стробил. Неговата смрт, заедно со смртта на Лав Триполски една година претходно, довеле до крајот на муслиманската надмоќ и постојаните грабежи по крајбрежјето на Византија.[9]

Наводи

уреди
  1. Rosenthal 1985, стр. 34.
  2. Rosenthal 1985, стр. 41.
  3. Rosenthal 1985, стр. 91.
  4. Setton 1954, стр. 318; Treadgold 1997, стр. 466.
  5. Rosenthal 1985, стр. 151.
  6. Setton 1954, стр. 318; Pryor & Jeffreys 2006, стр. 63.
  7. Pryor & Jeffreys 2006, стр. 63; Treadgold 1997, стр. 470.
  8. Rosenthal 1985, стр. 196.
  9. Pryor & Jeffreys 2006, стр. 64.

Извори

уреди
  • Pryor, John H.; Jeffreys, Elizabeth M. (2006). The Age of the ΔΡΟΜΩΝ: The Byzantine Navy ca. 500–1204. Leiden, The Netherlands and Boston, Massachusetts: Brill Academic Publishers. ISBN 978-90-04-15197-0.
  • Rosenthal, Franz, уред. (1985). The History of al-Ṭabarī, Volume XXXVIII: The Return of the Caliphate to Baghdad. The Caliphates of al-Mu'tadid, al-Muktafi and al-Muqtadir, A.D. 892–915/A.H. 279–302. Albany, New York: State University of New York Press. ISBN 0-87395-876-4.
  • Setton, Kenneth (1954). „On the Raids of the Moslems in the Aegean in the Ninth and Tenth Centuries and their Alleged Occupation of Athens“. American Journal of Archaeology. Cambridge, Mass. LVIII: 311–319. doi:10.2307/500384.
  • Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-2630-2.
Претходник
Ахмад ибн Туган
Владетел на Тарс
октомври 896 –март/април 897
Незаземено
Владетел по завршувањето на тулунидката контрола
Следен носител на титулата
Ибн ел-Ихшад