Даи-доро
Даи-доро (台灯籠) — традиционални јапонски камени светилки (лантерни) кои датираат од епохите нара и хејан. Првобитно биле само во будистичките храмови, каде, поставени во низа, го означувале приодот до храмот, но во епохата хејан почнуваат да се користат и во шинтоистичките храмови. Според традицијата, во текот на епохата момојама светилките почнале да ги поставуваат првите големи мастери на чајот и во чајните градини, за подоцна да бидат поставувани како декорација повеќе и помалку во сите градини. Во својата потполна и оригинална форма даи-доро, како и пагодите, претставуваат пет елементи на будистичката космологија. Делот кој ја допира земјата е „чи“ и ја претставува земјата; делот погоре е „суи“ (вода); следи „ка“ (оган) претставен со делот во кој е светлото и горните два сегмента се воздух („фу“) и „ку“ (празнина или дух). Сегментите ја изразуваат идејата дека, после смртта, физичкото тело се враќа во својата оригинален елементарен облик.
Литература
уреди- Грбић, М. (2015): Историја вртне уметности. Универзитет у Београду. Предлошка:Page1