Давид Фридрих Штраус (германски: David Friedrich Strauss, 27 јануари 1808 - 8 февруари 1874) — германски филозоф, претставник на левите хегелијанци. Неговото најпознато дело е „Животот на Исус“ (1835-1836) во која тврди дека евангелието претставува само низа од митови кои се создавале во христијанските заедници. Според тоа, тој сметал дека евангелиските приказни настанале несвесно. Притоа, тој го претставува Исус Христос како историска личност, а не како бог. Ваквото сфаќање го критикувал Бруно Бауер, кој му забележувал на Штраус поради тоа што на свеста не ѝ го дава местото што ѝ припаѓа.[1]

Наводи

уреди
  1. Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 69 и 71.