Гул Мустафа Дев - првиот индиски олимпиец од државата Џаму и Кашмир, кој ја претставувал Индија на Зимските олимписки игри, со уште двајца учесници на Зимските олимписки игри 1988 што биле одржани во Калгари, Канада.[1]

Достигнувања

уреди

Освен учеството на Олимписките игри, Гул Дев бил меѓу првите што ја претставувале екипата на Индија на првите Азиски зимски игри, кои се одржале од 1 до 8 март 1986 година во Сапоро, Хокаидо, Јапонија. Тој исто така отишол како национален тренер за екипата на Индија на Младинските азиски зимски игри што се одржале во Кина во 2005 година. Тој бил водач на индискиот тим на Треофео Пинокио Сугли Ши, одржан во Италија во 2009 година.[2] Тој бил добитник на Наградата за извонредност во спортот за Џаму и Кашмир во 2011 година. 

Наводи

уреди
  1. „Kashmiri Olympian honoured after 20 years“. Greaterkashmir.com. 13 март 2015. Посетено на 26 декември 2020.
  2. „Comunicati 2009 - Pinocchi sugli Sci - APT Agenzia Per il Turismo Abetone Pistoia Montagna Pistoiese“. Pinocchiosuglisci.it. Посетено на 26 декември 2020.