Гу наречен и Гун во митологијата на народот Фон се смета за петородениот син на богот творец Маву-Лиза кој се опишува како битие со една женска (Маву, божица на Месечината) и една машка (Лиза, бог на Сонцето) страна.[1] Гу наречен исто така и Егу, воин, ловец и бог на железото, зазема централно место во верувањата на народите Еве и Фон.[2]

Гу
Бог на железото
Други имињаГун, Егу
Симболмеч
РодителиМаву-Лиза
ПодрачјеБенин
НародФон

Одлики

уреди

Гу бил бог на железото, на војната, на оружјето и на алатките. Тој наместо глава имал меч. Творецот му рекол дека тој ја претставува неговата сила и затоа не му требало глава. Гу бил заштитник на ковачите и на занаетчиството, а со тоа, тој е еквивалент на богот Хефест во старогрчката митологија. Тој на луѓето им ги подарил алатките и ги научил како да го обработуваат железото. Во еден од митовите, Лиза, машкиот аспект на богот-творец го испратил Гу на земјата за да го направи светот попријатен за живеење на луѓето. Гу ги расчистил дрвјата и им ги овозможил полињата и ги подучил луѓето како да ја обработуваат земјата.[1]

Тој бил корисен и во поправањето работи, па на земјата ги подучил луѓето на вештината на ковањето.[3] Луѓето биле толку восхитени што тој веднаш добил статус на африкански бог на железото и на занаетчиството.

Според митот на народот Фон од Бенин, Гу дошол на земјата во форма на железен меч, а потоа станал ковач. Неговата задача била да го подготви светот за луѓето. Тој ги научил луѓето како да прават алатки, што пак им овозможило да одгледуваат храна и да градат засолништа.[4]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lynch, Patricia Ann, 1936- author. African mythology, A to Z. ISBN 978-1-4381-3133-7. OCLC 649919105.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „Religion and expressive culture - Ewe and Fon“. www.everyculture.com. Посетено на 2020-09-02.
  3. „Gu“. Oxford Reference (англиски). doi:10.1093/oi/authority.20110803095910639. Посетено на 2020-09-02.
  4. „African Mythology | Encyclopedia.com“. www.encyclopedia.com. Посетено на 2020-09-02.