Грчко-југословенски договор за Балканска унија
Грчко-југословенскиот договор за Балканска унија бил договор од 1942 година склучен меѓу монархистичките влади на Грција и на Југославија во егзил, под покровителство на Велика Британија. Со Договорот потпишан во Лондон на 15 јануари 1942 година страните се обврзале по војната да формираат југословенско-грчка унија, отворена за пристапување на другите држави за создавање Балканска унија.
Договорните страни ги утврдиле политичките, економско-финансиските и воените органи на Унијата. За поинаков статус на Македонија не станувало збор, се подразбирала положбата во рамките на предвоените граници на интегрална Југославија и на монархистичка Грција. Со развојот на настаните до крајот на Втората светска војна и со промените во двете држави, на Балканот и во Европа, грчко-југословенскиот договор останал само на хартија да сведочи за проекцијата на Велика Британија за посакуваниот повоен поредок на Балканот.[1]
Наводи
уреди- ↑ Документи о сполјној политици СФРJ 1941–1945, I, Београд, 1988.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |