Гросер Берберг
Гросер Берберг (германски: Großer Beerberg) — највисока планина во сојузната покраина Тирингија и највисока точка на венецот Тириншка Шума. Врвот достигнува надморска височина од 982,9 м[1]. Сместена е помеѓу селата Хајдерсбах, Голдлаутер и Гелберг во околината на градот Зул. Сочинета е од риолит (кварцен порфир) настанат со вулкански процеси во ротлигендската карпа на образбата Оберхоф пред 280 милиони години[2] и издигнат над околните слоеви во облик на соголено карпесто возвишение.
Гросер Берберг | |
---|---|
Grosser Beerberg | |
Поглед на Гросер Берберг од југ | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 982,9 м [1] |
Координати | 50°39′34″N 10°44′46″E / 50.65944° СГШ; 10.74611° ИГД |
Географија | |
Место | Тирингија, Германија |
Матичен венец | Тириншка Шума |
Помеѓу врвот на Берберг и источниот сосед Шнекопф (978 м) има пресека длабока 60 метри. На запад е Зомербахскопф (941 м).
На врвот на планината се наоѓа еден од малкуте голети на Тириншката Шума. Сè до крајот на 1980-тите тука имало кула-набљудувачница. Во поскоро време е поставена мал видиковец со извонреден поглед на југ и југозапад.
На потегот од Оберхоф до Шмике низ планината минува делница од далекусежната планинарска патека Ренштајг. Најблизок град е Зул.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Map services of the Federal Agency for Nature Conservation]]
- ↑ Lützner, H., Andreas, D., Schneider, J.W., Voigt, S. & Werneburg, W. (2012): Stefan und Rotliegend im Thüringer Wald und seiner Umgebung. In: Deutsche Stratigraphische Kommission (publ.; coordination and production: H. Lützner & G. Kowalczyk für die Subkommission Perm-Trias): Stratigraphie von Deutschland X. Rotliegend. Teil I: Innervariscische Becken. Schriftenreihe der Deutschen Gesellschaft für Geowissenschaften 61: 418–487.
Надворешни врски
уреди- Гросер Берберг на Ризницата ?
- „Берберг, Германија“. Peakbagger.com. (англиски)