Детето (англиски: The Child), или разговорно Бебето Јода (англиски: Baby Yoda), е лик од оригиналната серија на Дизни+ и Војна на ѕвездите, „Мандалоријанецот“.[1] Тој е бебе од истиот неименуван вонземски род како познатиот лик од Војна на Ѕвездите, Јода. Слично на Јода, Детето има голема моќ да ја користи Силата. Во серијата, протагонистот Мандалоријанец е платен да го пронајде и фати Детето за остаток на паднатата Галактичка Империја. Наместо тоа, тој го посвојува Детето и го штити од Империјалиците.

Детето.

Наводи уреди

  1. Cooper, Gael Fashingbauer. „Baby Yoda: More about his powers revealed, along with name hints“. CNET (англиски). Посетено на 2020-07-17.