Грешки од типот dt
Грешка од типот dt (холандски: dt-fout) најчесто се случуваат на крајот на конјугирани холандски глаголи. Грешката се случува затоа што на крајот на зборот, d, t и dt сите звучат како [t].
Со цел да се избегне ваквата грешка, постојат таканаречени ти-правила (холандски: thee-regels, од зборот thee кој значи чај) со кои може да се одреди дали втора чиност еднина/множина и прва и трета личност еднина при конјугација заврпшуваат на наставката -t или не. Ваквите правила се поврзани со таканареченото правило 't kofschip, кое се користи за одредување на формите во минато на глаголите и нивните партиципни форми.
Примери за грешки од ваков тип се прикажани во следните реченици: Ik wordt leraar wiskunde (превод: Јас сум наставник по математика, правилната конјугација е: ik word leraar wiskunde); hij antwoord me nooit (превод: тој никогаш не ми одговара, точната форма е: hij antwoordt me nooit).
Позадина
уредиВо холандскиот јазик постои обезвучување на звучните согласки на крајот на зборот: 5 согласки (односно b, d, v, z, g) стануваат безвучни на крајот на зборот (односно се изговараат како p, t, f, s, ch).
- звучните согласки b, d и v, z, g соодветствуваат на нивните безвучни сопарници p, t и f, s, ch (примери: krab (рак), land (земја) и leeg звучат како krap, lant и leech);
- Зборови кои завршуваат на наставките -v или -z (како Tsjechov (Чехов), fez (фез)) и притоа се зборови од туѓо потекло, географски поими, сопствени имиња или акроними. Примери: azimov (азимовски), suv (спортско возило), quiz (квиз). Холандски зборови кои завршуваат на фрикативните -f и -s никогаш не се пишуваат како звучните парови (-v, -z).
- примерите прикажани погоре посочуваат дека правописот на трите звучни согласки (-b, -d, -g) не се менува. Накратко, покрај наставките -v en и -z можат сите други букви да се појават како последна согласка во холандски збор.[1]
dt грешки
уредиГрешки dt се разликуваат од горенаведените примери и ваквиот тип правописни грешки се појавуваат во следниве случаи:
- последната буква од конјугираната форма на слабите глаголи (и крајот на придавки кои се изведени од партицип на слаби глаголи);
- наставката -d којашто звучи како -t: последниот звук „-t“ може да се напише како -t, -d или -dt;
- судир помеѓу последната буква (не глас) и коренот на глаголот со глаголската наставка за соодветната личност или партицип или пак од нив изведената придавка, имено -t или -d. Асимилација или взаемна адаптација на гласовите го одредува правописот.
Грешка од типот dt се случува во следните случаи:
- формата во еднина на сите глаголи во минато совршено време onvoltooid tegenwoordige tijd
- еднински и множински форми на слаби глаголи во конјугирани во имперфект
- партиципот (и од него изведената придавка)
Наводи
уреди- ↑ Зборови кои завршуваат на согласките -c, -j, -q или -x се ретки, од туѓо потекло, посочуваат лични имиња или акроними.