't kofschip (холандски изговор: [ət ˈkɔfsxɪp], трговски прод), 't fokschaap (овца за парење) или (кај странските ученици) soft ketchup [1] правило е мнемоничка техника која што помага при одредувањето на правилните холандски глаголи во минатата индикативна / субјунктивна форма завршетокот на минатиот партицип. Ова правило не е исто со таканаречените Т-правила (t regels).

Правило

уреди

Правилото гласи: Доколку коренот на слабиот глагол завршува на една од согласките кои се сретнуваат во зборот 't kofschip, односно t, k, f, s, ch, и p, минатото време ќе заврши на -te(n) и партиципот во минато на -t. Доколку коренот на глаголот завршува на било која друга согласка или на самогласка, минатото време завршува на -de(n) а минатиот партицип на -d.

На пример:

Инфинитив Корен на глаголот Минато време Минат партицип
rusten („одморa“) rust- rustte(n) gerust
werken („работи“) werk- werkte(n) gewerkt
kloppen („чука“) klop- klopte(n) geklopt
landen („слета“) land- landde(n) geland
legen („испразни“) leeg- leegde(n) geleegd
redden („спаси“) red- redde(n) gered
spelen („игра“) speel- speelde(n) gespeeld
leren („учи/научи“) leer- leerde(n) geleerd
proeven („проба“) proev- proefde(n) geproefd
blozen („црвенее“) blooz- bloosde(n) gebloosd
bingoën („игра бинго“) bingoo- bingode(n) gebingood

 

Наводи

уреди
  1. de Boer, Berna; van der Kamp, Margaret; Lijmbach, Birgit (2018). Nederlands in Actie: Methode NT2 voor hoogopgeleide anderstaligen (3. изд.). Bussum: Uitgeverij Coutinho. стр. 257. ISBN 9789046902981.