Грекова одбрана
Грекова одбрана или МекКонелова одбрана е шаховско отворање кое името го добило по името на познатиот шахист Џоакино Греко и настанува со потезите:
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Според ЕШО отворањето е категоризирано со кодот C40.
Од повеќето начини на кои црниот оможе да го заштити е-пешакот, потегот 2...Df6 за едно од послабите решенија, со кое црниот рано ја внесува во игра дамата, која станува цел на напади, а исто така и таа зазема поле за развој на црниот коњ. Но, сепак има и предност во ова отворање, а тоа е едка предноста на белиот се развива во тесна позиција. Иако, ова отворање е карактеристично за новајлиите, тоа било играно и од шахисти, кои според Гери Лејн „знаат подобро“.
Жорж Колтановски се сретнал со ова отвоарање на турнир во шах на слепо во 1960м каде одиграл played 3.Sc3 и победил во седум потези.
Самиот Греко го претставил продолжението на ова отворање во 1620:
- 1. e4 e5
- 2. Sf3 Df6?!
- 3. Lc4 Dg6
- 4. 0-0 Dxe4
- 5. Lxf7+ Ke7 ( 5... Kxf7?? 6. Sg5+ ја освојува црната дама)
- 6. Te1 Df4
- 7. Txe5+ Kxf7
- 8. d4 Df6
- 9. Sg5+ Kg6
- 10. Dd3+ Kh6
- 11. Sf7# [1]
Наводи
уреди- ↑ Патишта на отворањето Гери Лејн, Chesscafe.com, 2001, последно прашање на страницата.