Грб на Општина Радовиш
Грбот на Општина Радовиш е официјалниот грб на оваа македонска општина. Грбот е усвоен во 2013 и го знаменил стариот општински грб. Главен елемент на грбот е Радовишкиот крст.
Грб на Општина Радовиш | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 2013 |
Штит | штит со Радовишки крст |
Стар грб на Радовиш
уредиГрбот е составен од три дела: круна, штит и повез, во кои доминираат темнозелената, златно-жолтата, црната и сината боја. Оваа комбинација на бои го симболизира поднебјето со богатството на природните ресурси и плодноста на земјата, воедно природно богатство со присуството на бакарот и златото.
Во дијагонала од горниот десен агол кон долниот лев дел се протега светлосина лента, а во средината на штитот доминираат два тутунови листа во жолто-златна боја порабени со црна линија. Во горниот лев агол во жолто-златна боја е сместен симболот на рударството: вкрстени чекан и длето.
Круната ја изразува историската традиција на Радовиш, односно, легендата за кралицата (кнегињата Рада), која живеела во стариот средновековен град чии рушевини сè уште се наоѓаат во горниот тек на Стара Река, а којшто името го добил по името на оваа кнегиња.
На долниот дел од грбот, под штитот се наоѓа повез, во темнозелена боја со жолто-златни рабови на која, со стилизирани букви, е испишано името „Радовиш“, а е одвоено со точка и продолжува со годината 1019, односно годината од кога датира првиот историски запис за постоењето на Радовиш.[1]
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди