Грб на Општина Демир Хисар

Грб на Општина Демир Хисар — официјален грб на Општина Демир Хисар

Грб на Демир Хисар
Подробно
Усвоенн/п
Штиткруна

Опис

уреди

Лево брановидно скосен на црвено и црно. Врз отворена сребрена книга со златен повез вкрстени сребрен бодеж со златна рачка и златна кубура со сребрена цевка. Во основа златна тројна дабова гранка. Златна бедемска круна со три кули ѕидана златно, на средишната кула порта. Две букови гранки природно обоени на дното поврзани со црвена лента. Кубурата – појасно огно-стрелно оружје на македонските комити, камата – македонскиот бајонет и Библијата, кои се симболи на брсјачко-мијачката непокорност. Во основата се наоѓаат три гранчиња од македонски даб (Quercus macedonica).[1]. Општина Демир Хисар користи грб во три хералдички форми: мал (основен), среден и голем грб.

Сите хералдички форми на грбот и знамето се опишани во Одлуката на Советот за утврдување грб на општината.

Грбот и знамето на Општината не може да се употребуваат како стоковна или услужна ознака ниту како било каков друг знак за означување стоки и услуги.

Грб и знаме со изменети поединечни елементи и коишто со својот изглед асоцираат на грбот и знамето на Општината, не смее да се користат.

Грбот и знамето не смее да се користат на непристоен и недоличен начин и на начин којшто ги навредува јавниот морал и достоинството на граѓаните на Општината.

Употребата на грбот и знамето во уметничкото творештво и воспитно-наставни цели е слободна, под услов да не е спротивна на добриот вкус, општествените норми и правила, хералдичката пракса, традиција и Правилникот за употреба на грбот и знамето на Општина Демир Хисар.

Претставите на грбот и знамето во рељеф и неспецифични техники и материјали мора да бидат во склад со воспоставените стандарди на изворникот.

Моделот за службена употреба го одобрува Градоначалникот.

Установа, претпријатие или претприемач со седиште на територијата на Општината може да добие одобрение, малиот грб да го употреби како украсна ознака, како дел од незаштитена ознака или пак за комерцијални цели.

Барањето се поднесува и го разгледува Хералдичка комисија на Општината што на предлог на Градоначалникот, ја основа Советот на Општината.

Актот за одобрување на користење го донесува Советот на општината.

Хералдичкиот симбол на грбот на Оштина Демир Хисар е аплициран на стандардизираниот штит во меснохералдичкиот систем за општините на Република Македонија. На варијантата среден грб е додадена мурална круна, додека на големиот грб се додадени мурална круна и дабов венец со по три букови желади од двете страни и црвена панделка којашто ги поврзува буковите грачиња што го сочинуваат венецот.

Штитот е поделен на „bend sinister“ на две полиња во црвено црна комбинација кои што ја изразуваат вековната парола за ослободување на Македонија “Слобода или смрт“. Од друга страна црната боја е симбол за железото, за црната металургија што во комбинација со црвената бојата, го добива значењето „фортификациско утврдување“ или како што и самиот топоним Демир Хисар би се превел како „железна тврдина“. Центарален симбол се златно - жолти, вкрстени револвер (кубура како соодветен симоличен еквивалент) и кама која е аплицирана по линијата на разделба на штитот истите поставени на отворена книга. Симболиката е дека револуционерството од овој крај е длабоко вкоренето со слободарските традиции и историјата на Македонија.

Во долниот дел се поставени златни (жолти) лисја од даб кои што го симболизираат заштитениот ендемски вид на Блатниот даб кој претставува вистинска природна реткост во Македонија кој го симболизира стремежот кон развојот на туризмот.

На горниот дел на штитот (челото) е аплициран симбол на река во црна боја, Црна Река, најголема десна притока на Вардар чијшто изворишен дел се наоѓа на територијата на општина Демир Хисар. Овој симбол, заради својата препознатливост и географска сместеност, истовремено е визуелна врска со идејното решение за знаме.

На венецот се аплицирани две гранчиња од бука којашто е исто така моќен симбол којшто често се употребувал да се искаже, опише или опее револуционерниот живот. Па така често се употребува: „... До сека бука јунака, на сека гранка берданка, „Слушам кај шумат шумите, буките...“ итн. Според местоположбата општината е опкружена со Илинска, Бигла и Плакенска Планина. Токму тие се симболично претставени со по три букови желади од левата и десна страна на венецот. Буката спаѓа меѓу најзастапените дрвни видови покрај дабот којшто веќе е аплициран на штитот, и освен тоа што ја симболизира борбата за самобитност, директно асоцира на Блатниот даб како ендемска природна реткост за Демирхисарската општина.

Мал грб Малиот грб е ознака и симбол на Општината, а го користи општинската администрација. Среден грб Средниот грб е службен грб на Општината и службено го користи Советот на општината и Претседателот на Советот. Голем грб

Големиот грб е ознака и симбол на Општината, а службено го користи градоначалникот на Општината.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди