Грб на Монако
Кнежевскиот грб на Неговата Светлост Кнезот Алберт II е неговиот властодржен грб како владетел на Монако.
Грб на Монако | |
---|---|
Подробно | |
Штит | вретенест (лозанж) сребрени и црвени |
Држачи | Двајца калуѓери |
Мото | латински: Deo Juvante |
Ордени | Ред на Свети Карл |
Особености
уредиВнатрешен дел
уредиСредиштето на штитот се блазонира (т.е. со технички хералдички опис) како: „вретенест (лозанж) сребрени и црвени“.
Надворешен дел
уредиКалуѓерите кои играат улога на штитодржачи во грбот алудираат на освојвуањето на Монако во 1297 г., кога Франсоа Грималди влегол во градот со војници преоблечени како калуѓери, со мечеви скриени под мантиите.
Околувратникот кој го окружува штитот го претставува Редот на Свети Карл.
Мото
уредиНа грбот стои мотото на семејството Грималди, кое на латински гласи: Deo Juvante „Со Божја помош“.
Наводи
уреди- Velde, François. „Monaco“. Heraldica. Посетено на 25 март 2005.