Грб на Јужен Судан

Грбот на Јужен Судан е официјалниот грб на оваа африканска држава кој бил усвоен во јули 2011 година веднаш по независноста на државата.

Грб на Јужен Судан
Подробно
ГрбоносецРепублика Јужен Судан
Усвоен2011

Опис уреди

Централен елемент на грбот е африкански рибен орел кој стои исправено. На градите има златен штит, а позади штитот има две вкрстени копја. Орелот гледа кон десно со расширени крилја. Под орелот има две ленти, на кои на едната е испишано името на државата на англиски (Republic of South Sudan) а на другата е националното мото „Правда, слобода, просперитет“ на англиски.[1] Орелот симболизира сила, отпор и визија, додека копјата и штитот заштита на новата држава.[2] Претходно се користел грбот на Судан поставен во круг.

Останати грбови уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-04. Посетено на 2011-07-10.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-13. Посетено на 2011-07-10.

Поврзано уреди