Граѓанска кула (Павија)
Граѓанската кула (италијански: Torre Civica, се изговара: Торе Чивика) ― поранешна кула изградена во италијанскиот град Павија во 11 век, веднаш до Павијанската катедрала. Изградена во правоаголен облик, била 72 м висока.[1]
Помеѓу 1583 и 1585 година, архитектот Пелегрино Тибалди ги водел работите за додавање просторија на врвот на кулата за да се сместат ѕвоната на катедралата, што го правел сè додека не било преместено во камбанаријата на катедралата.[2]
На 17 март 1989 година, во 8:55 часот наутро, Граѓанската кула се урнала, оставајќи 8,000 кубни метри шут од тули, песок и гранит.[3] Во уривањето загинале четири лица, а петнаесет биле повредени.[4][5][6] Не е повторно изградена, иако некои елементи од него сега се изложени во градскиот Висконтиев замок.[2]
По уривањето на кулата, италијанската влада ја затворила Кривата кула во Пиза на 7 јануари 1990 година поради загриженоста дека познатото туристичко место исто така може да биде во опасност од уривање.[7][8]
-
Остатоци од кулата (помеѓу основата на статуата и ќошот на Павијанската катедрала).
-
Одблиску до остатоците, со плоча која го покажува нејзиниот првичен облик
Наводи
уреди- ↑ „Torre Civica (resti)“ (италијански). Lombardia Beni Culturali. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2013. Посетено на 13 март 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Arecchi, Alberto (29 јануари 2002). „La Torre Civica“ (италијански). Miapavia. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 13 март 2022.
- ↑ Bonerandi, Enrico (18 March 1989). „Un Boato E L' Antica Torre Si Sbriciola“. La Repubblica (италијански).
- ↑ Montanari, Laura (22 март 1989). „Ma Pavia Ha Ancora Paura“. La Repubblica (италијански). Посетено на 13 март 2022.
- ↑ Hofman, Paul (30 јули 1989). „Italy's Endangered Treasures“. The New York Times. Њујорк. Посетено на 13 март 2022.
- ↑ Montalbo, William D (18 март 1989). „900-Year-Old Bell Tower Collapses in Italy; Three Killed“. Los Angeles Times. Лос Анџелес. Посетено на 13 март 2022.
- ↑ „Tipping the Balance“. Time. 25 јуни 2001. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2007. Посетено на 13 март 2022.
- ↑ „BBC on this day: 1990: Leaning Tower of Pisa closed to public“. BBC News. Посетено на 13 март 2022.