Географија на Чешка

(Пренасочено од Граници на Чешка)

Чешка географски се наоѓа во Средна Европа.

Карта на Чешка

Граници

уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 78.866 км2 , и според тоа се наоѓа на 117 место по големина во светот. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ, и Словачка на исток.

Главниот град Прага е најголемиот во државата со околу 2 000 000 жители.

Население

уреди

Според пописот, вкупното население на Чешка е околу 10.424.926 жители. Густината на населеноста е 132 жит/км2.

Клима

уреди

Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.

Суперлативи

уреди
  • најдолга река: Елба (Лаба)
  • највисока планина: Сњежка (1.602 м)