Градски музеј Љубљана
Градски музеј Љубљана (словенечки: Mestni muzej Ljubljana) ― музеј основан во 1935 година во Љубљана. Сместен е во палатата Турјак на ул. „Госпоска“, бр.15 (Gosposka ulica 15) во средиштето на Љубљана.[1]
Музејот нуди различни педагошки активности за деца и ученици на возраст од 5 до 18 години, а исто така располага и со посебни патувачки музејски групи за болнички училишта, училишта за ученици со посебни потреби и за пониски одделенија од оддалечените училишта околу Љубљана.[2]
Археолошки ископувања
уредиНа местото на самиот музеј се извршени неколку археолошки истражувања. Ископувањата биле спроведени помеѓу 2000 и 2003 година за време на реновирањето на палатата (во подрумот и во внатрешниот двор) под раководство на кустосот на Градскиот музеј. Тие откриле многу историски артефакти и остатоци од урнфилската култура, периодот на доцната халштатска култура, средниот и доцниот период на латенската култура, римскиот императорски период, доцниот средновековен период и раниот нов век. Забележливи биле двата гроба на воините од латенскиот период кои биле откриени во раноримското складиште за време на истрагата во 2002 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „City Museum of Ljubljana“. Culture.si. Republic of Slovenia, Ministry of Culture. 8 јули 2013. Посетено на 11 август 2022.
- ↑ Trskan, D. (2006). „Pedagogic activities of museums in the Republic of Slovenia“ (PDF). International Journal of Historical Learning, Teaching and Research. University of Exeter. 48. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 февруари 2014. Посетено на 11 август 2022.
- ↑ Štrajhar, Metka; Gaspari, Andrej (December 2013). „Ostanki dveh srednjelatenskih bojevniških grobov iz Turjaške palače v Ljubljani/Remains of two Middle La Tène Warrior graves from the Auersperg Palace in Ljubljana“. PRIL. INST. ARHEOL (Contributions of Institute of Archaeology in Zagreb). Department of Archaeology, Center for Historical Sciences, University of Zagreb. 30 (1): 27–43. Посетено на 11 август 2022.
Надворешни врски
уреди- Градски музеј Љубљана на Ризницата ?