Гравиметар инструмент кој се користи во гравиметријата за мерење на месното гравитациското поле на Земјата. Гравиметарот е вид на акцелерометар, специјализиран за мерење на константнoтo намалување на забрзувањето на гравитацијата, кое варира од оклолу 0.5% над површината на Земјата. Основниот принцип на дизајн е ист како во другите акселометри, гравиметрите се дизајнирани да бидат по чувствителни за да можат да измерат многу мали промени во гравитацијата на Земјата од 1 г, поради блискоста на геолошките структури или облкикот на Земјата и од приливните варијации. Оваа чувствителност значи дека гравиметрите се подложни на надворешни вибрации вклучувајќи и бучава која има тенденција да предизвика осцилаторни забрзувања. Во практика ова е предизвикано од интеграллна вибрација, изолација и обработка на сигналот. Ограничувањата на временската резолуција се помали за гравиметрите, па резолуцијата може да биде зголемена со обработката на излезот со поголема временска константа. Гравиметрите ги изразуваат нивните мерења во гали(cm/s2), наместо со заедничка единица за забрзување.

Гравиметар

Гравиметрите се користат за нафтена и минерална потрага, сеизмологија, геодезија, геофизички истражувања и други геофизички истражувања, и за метеорологијата.

Има два вида на гравиметар: релативен и апсолутен. Апсолутнион гравиметар ја мери локалната гравитација во апсолутни единици, гали. Релативните гравиметри ја споредуваат вредноста на гравитација со друга. Тие мора да бидат поставени на места каде што точно се знае гравитацијата, и потоа се пренесуваат на места каде што треба гравитацијата да се измери. Тие го мерат односот на гравитацијата на две места.

Апсолутен Гравиметар

уреди

Апсолутните гравиметри, кои денес се прават по компактини за да може да се користат и на терен, работат со директни мерења на забрзувањето на масата за време на слободен пад во вакуум, кога акселометарот е строго ставен на земја.

Масата вклучува ретрорефлектор и раскинува една рака од интерферометарот на Мајклсон. Со пребројувањето и времето, забрзувањето на масата може да се измери. По нов развој е „rise and fall“ верзијата која го мери и зголемувањето и намалувањето на масата. Ова овозможува откажување на некој мерни грешки, како и да е „rise and fall“ гравиметрите не се многу користени. Апсолутните гравиметри се косристат во баждарењето на релативните гравиметри, геодетските елаборати за гравитациските аномалии (празнини), и за утврдување на вертикалната контролна мрежа.

Релативен Гравиметар

уреди

Нај користен релативен гравиметар е spring-based. Тие се користат во истражувањата на гравитацијата на огромни површини за воспоставување на фигура на геоидот над овие површини. Spring-based релативниот гравиметар е основната тежина, и со мерењето на величината со која тежина се шири, може да се измери локалната гравитација. Како и да е, силата мора да се калибрира со поставување на инструмент на локацијата каде што се знае гравитациското забрзување.

Нај точни релативни гравиметри се суперспроводничките гравиметри, кои работат со суспендирање на течен хелиум изладен во дијамагнетна сфера во екстремно стабилно магнетно поле; за да се генерира магнетното поле потребно е сфера пропорционална на силата на Земјеното гравитациско поле. Суперспроводничкиот гравиметар достигнува чувствителност од 10−11ms−2 (еден наногал),отприлика 1 илјада од билион (10−12) од Земјенота надзмена гравитација, За време на демонстрацијата на чувствителноста на супросроводливиот гравиметар, Виртанен (2006), објаснува како инструмент во Метшахови, Финска, го детектира зголемувањето на надземната гравитација додека човек го чистел снегот од покривот на неговата лабораторија.

Постојат и релативни преносливи гравиметри; тие вклучуваат екстремно стабилна инерцијална платформа за да ги компензираат ефектите на движење и вибрации. Првите преносливи релативни гравиметри биле, тајно воено- технолошки развиени во 1950-1960 за да ги лоцираат јадрените подморници. Подоцна во 1980, преносливите гравиметри биле користени на бродовите, па во воздух и на крај на сателитите.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди