Горчливиот дел на реката
„Горчливиот дел на реката“ (српски: Горки део реке) — филм на режисерот Јован Живановиќ од 1965 година. Главните улоги ги играат: Љуба Тадиќ, Ружица Сокиќ, Никола Симиќ и Павле Вуисиќ.[1]
Синопсис
уредиТрудејќи се да го избрка детето кое постојано доаѓа во близината на неговата колиба на реката, Мајорот (го игра Тадиќ) ја запознава неговата мајка (ја игра Сокиќ). Тие носат длабоки траги од тешкото минато и не им е лесно да воспостават меѓусебен контакт, иако се свесни дека заедничкиот напор им е потребен за опстанокот и за иднината...