Горнополошки срез

Горнополошки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

     Горнополошки срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Горнополошкиот срез припаѓал на Тетовскиот округ, заедно со Долно-полошкиот, Поречкиот и Галичкиот срез. Како центар на срезот бил градот Гостивар. Во 1913 година тој имал 15 општини, со 49 села, едно селце и еден град. Градското населние изнесувало 4.384, додека селското население изнесувало 28.625 жители.[1]

Горнополошкиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Гостивар

Жители
1 Бањичка 4 0:15 1599
2 Врутошка 4 1:30 3115
3 Галатска 4 1:15 2895
4 Гостиварска / / 4384
5 Дуфска 2 3 1032
6 Железно-речка 6 4 2719
7 Зубовачка 4 1 2305
8 Јеловачка 4 2:30 2118
9 Леуновска 2 3:15 1173
10 Мавровска 1 4 958
11 Пожаранска 4 2 2541
12 Тајмишка 1 5:30 438
13 Турчанска 5 1 1954
14 Чајланска 4 1:15 3554
15 Церовска 5 3 2251

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот исто така имал 15 општини и еден град. Градот Гостивар имал 4.830 жители, а целиот срез имал 28.082 жители.

Јазик

уреди

Во градот Гостивар, 17,5% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 77% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во целиот срез 32% говореле на српски или хрватски, а најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (42%), додека пак 25% од жителите говореле на турски јазик.[4]

Јазици 1921 година
Јазик Гостиварска околина Град Гостивар Вкупно %
Српски или хрватски 8064 846 8910 31.72
Арнаутски 11743 138 11883 42.30
Турски 3434 3743 7177 25.55
Други 11 103 114 0.43

Религија

уреди

Во градот Гостивар 16% од населението било православно, додека 82% биле муслимани. Од другата страна пак, во гостиварската околина 34% биле православни и 66% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Гостиварска околина Град Гостивар Вкупно %
Православни 7990 792 8782 31.27
Муслимани 15262 3949 19211 68.41
Други 0 89 89 0.32

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, горно-полошкиот срез имал 11 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 5.952, додека селското население било 26.714. Целиот срез имал 32.666 жители. Како православни се изјасниле 30% од жителите, додека како муслимани 69%.[6]

30% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], 45% говореле на арнаутски[3] и 24% на друг јазик (тука се пресметани најголемиот дел од жителите кои говореле турски јазик).

Во ФНРЈ и СФРЈ

уреди

По Втората светска војна, Горнополошкиот срез се преименува во Гостиварски и значително му се менуваат границите спрема реканскиот крај.

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.