Горна вилица
Горната вилица, максила, претставува парна и најголема лицева коска. Таа е опкружена од сите други коски на скелетот од лицето. На неа се разликуваат средиштен дел или тело и четири израстоци. Телото (corpus maxillae) наликува на тристрана пирамида со база свртена кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата. Предната страна претставува основа на образот. Задната страна е свртена латерално и учествува во ограничување на потсепоочната јама. Базата од телото претставува носна празнина, а учествува во градбата на латералниот носен ѕид. На средината од носната празнина се наоѓа отвор на виличниот синус во телото од годната вилица. Од телото на максилата се издвојуваат четири коскани израстоци: челен, јаболков, непцев и забен.
Горна вилица | |
---|---|
Страничен поглед. Горната вилица е во долниот лев агол, во зелена боја. | |
Горната вилица е во центарот, во жолта боја. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Maxilla |
MeSH | A02.835.232.781.324.502.645 |
TA | A02.1.12.001 |
FMA | FMA:9711 |
Челниот израсток (processus frontalis) учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболковиот израсток (processus zygomaticus) се спојува со јаболковата коска. Непцевиот израсток (processus palatinus) споен со истиот од спротивната страна учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговите предни две третини. Горната страна од непцевиот израсток влегува во состав на подот од носната празнина. Забниот израсток (processus alveolaris) е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни алвеоли каде што се сместени корените од горните заби.
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |