Горгофона (грчки јазик|Γοργοφόνη}},латински јазик|Gorgophona) е ќерка на јунакот Персеј и неговата жене Андромеда.[1]

Горгофониниот татко Персеј со главата на Медуза, дело на Антониа Канова

Името Горгофона во превод значи „горгонин убиец“ бидејќи нејзиниот татко Персеј ја убил Медуза, една од Горгоните.

Митологија

уреди

Името Горгофона се јавува често во античките митови поради нејзините предци, како и поради нејзините потомци. Таа е централна личност во историјата на Спарта бидејќи била жена на два истакнати крала. Првиот маж и бил кралот Перије, а по неговата смрт - според Паусанија - се омажила за неговиот наследник, кралот Ебал.

Со кралот Перије, владетелот на областа западно од Лаконија, Горгофона имала два сина - Леукип и Афареј кои биле месенски кралеви.

Со кралот Ебал, владетел на Лаконија, Горгофона имала три сина - Хипоконт, Тиндареј и Икарије. Прите двајица биле спартански кралеви, а третиот бил крал на Итака.

Потомците на Горгофинините потомци се вбројуваат помеѓу најистакнатите личности и јунаци во грчките митови.

Наводи

уреди
  1. Замаровски 1985, стр. 118.

Литература

уреди
  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.