Голем инквизитор

претседател на советот на Шпанската инквизиција

Голем инквизитор (латински: Inquisitor Generalis, букв. генерален иквизитор) — началник на инквизицијата. Звањето обично е однесува на главниот инквизитор на Шпанската инквизиција. Вакво звање носеле и генералните секретари на Римската инквизиција, иако нивната улога и должности биле различни.

Голем инквизитор
Inquisitor Generalis
Назначувачмонархот
Прв функционерТомас де Торкемада
Создадена1483
Последен функционерХеронимо Кастиљон и Салас
Укината1820

На чело на Португалската инквизиција исто така стоел голем или генерален инквизитор назначен од папата, но избран од кралот, секогаш меѓу членовите на кралското семејство.

Најпознатиот голем инквизитор бил шпанскиот доминиканец Томас де Торкемада, кој се смета за основоположник на инквизицијата.

Список на големи инквизитори на Шпанија уреди

 
Томас де Торкемада
 
Диего де Деса
Од До Голем инквизитор[1] Други функции
1483 1498 Томас де Торкемада приор (настојник) на доминиканскиот манастир „Св. Крст“ во Сеговија, 1477–1498
1499 1506 Диего де Деса Тавера архиепископ на Севиља
1506 1507 Диего Рамирес де Гусман епископ на Катанија, епископ на Луго

Разделување на инквизициите уреди

Кастиља уреди

 
Адријан Утрешки
Од До Голем инквизитор Други функции
1507 1517 Франсиско Хименес де Сиснерос кардинал, архиепископ на Толедо

Арагон уреди

 
Хуан Пардо де Тавера
 
Фернандо Нињо де Геваара
 
Франсиско Антонио де Лоренсана
Од До Голем инквизитор Други функции
1507 1513 Хуан Енгера епископ на Вик, епископ на Љеида, епископ на Тортоса
1513 1516 Луис Меркадер Есколано епископ на Тортоса
1516 1517 Адријан Утрешки кардинален свештеник на „Св. Јован и Павле“, епископ на Тортоса

Обединета инквизиција уреди

Од До Голем инквизитор Други функции
1518 1522 Адријан Утрешки кардинален свештеник на „Св. Јован и Павле“, епископ на Тортоса
1523 1538 Алонсо Манрике де Лара епископ на Бадахос, архиепископ на Севиља, кардинал
1539 1545 Хуан Пардо де Тавера архиепископ на Толедо
1546 1546 Гасија де Лојаса архиепископ на Севиља
1547 1566 Фернандо де Валдес и Салас архиепископ на Севиља
1566 1572 Диего де Еспиноса епископ на Сугуенса, епископ на Куенка
1572 1572 Педро Понсе де Леон епископ на Сиудад Родриго, епископ на Пласенсија
1573 1594 Гаспар де Кирога и Вела архиепископ на Толедо
1595 1595 Херонимо Макрике де Лара епископ на Картахена, епископ на Авила
1596 1599 Педро де Портокареро епископ на Калаора, епископ на Куенка
1599 1602 Фернандо Нињо де Гевара архиепископ на Севиља
1602 1602 Хуан де Суњига Флорес епископ на Картахена
1603 1608 Хуан Баутиста де Асеведо епископ на Ваљадолил, патријарх на Индите
1608 1618 Бернардо де Сандовал и Рохас архиепископ на Толедо
1619 1621 Луис де Алијага Мартинес
1622 1626 Андрес Пачеко епископ на Куенка, патријарх на Индите
1627 1632 Антонио де Сапата Сиснерос архиепископ на Бургос
1632 1643 Антонио де Сотомајор приор на „Св. Доминик“
1643 1665 Диего де Арсе и Реиносо епископ на Туј, епископ на Авила, епископ на Паленсија
1665 1665 Паскуал де Арагон архиепископ на Толедо
1666 1669 Хуан Евердадо Нитард
1669 1695 Диего Сармјенто де Ваљадарес епископ на Овиедо, епископ на Пласенсија
1695 1699 Хуан Томас де Рокаберти приор на „Св. Доминик“, архиепископ на Валенсија
1699 1699 Алонсо Фернандес де Кордоба и Агилар назначен, но починал пред да стапи на служба
1699 1705 Балтасар де Мендоса и Сандовал епископ на Сеговија
1705 1709 Видал Марин дел Кампо архиепископ на Бургос
1709 1710 Антонио Ибањес де Рива Ерера архиепископ на Сарагоса, архиепископ на Толедо
1711 1716 Франческо дел Џудиче архиепископ на Монреале
1715 1715 Фелипе Антонио Хил де Табоада назначен, но не стапил на служба
1717 1717 Хосе де Молинес прогласен во Рим, но приведен од Австријците и починал пред да стапи на служба
1718 1718 фелипе де Арсеменди починал без да стапи на служба
1720 1720 Диего де Асторга и Сеспедес архиепископ на Толедо
1720 1733 Хуан де Камарго и Ангуло епископ на Памплона
1733 1740 Андрес де Орбе и Ларејатеги архиепископ на Валенсија
1742 1746 Мануел Исидоро Ороско Манрике де Лара архиепископ на Сантјаго
1746 1755 Франсиско Перес де Прадо епископ на Теруел
1755 1774 Мануел Кинтано Бонифас титуларен архиепископ на Фарсала
1775 1783 Фелипе Белтран Серано епископ на Саламанка
1784 1793 Агустин Рубин де Себаљос епископ на Хаен
1793 1794 Мануел Абад и Ласиера титуларен архиепископ на Селимврија
1794 1797 Франсиско Антонио де Лоренсана и Бутрон архиепископ на Толедо
1797 1808 Рамон Хосе де Арсе и Ребољар архиепископ на Бургос
1808 1814 укинување на инквизицијата
1814 1818 Франсиско Хавиер Миер Кампиљо епископ на Алмерија
1818 1818 Кристобал Бенкомо и Родригес титуларен архиепископ на Ираклија (ја одбил титулата)[2]
1818 1820 Херонимо Кастиљон и Салас епископ на Тарасона

Наводи уреди

  1. Appendix 2 to Henry Charles Lea's A History of the Inquisition of Spain
  2. „Biografía de Cristóbal Bencomo y Rodríguez“. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2017. Посетено на 31 март 2016.

Надворешни врски уреди