Големо Деделбешко Езеро
Големото Дедељбешко езеро е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Малото Дедељбешко Езеро ги сочинуваат Дебељбешките езера кои воедно се и последните езера на шарпланинското јужно било. Се наоѓа на 1,980 m надморска висина. Долго е 100, а широко е 80 метри. Длабоко е преку 2 метри[2]. Обвивката на езерото делумно е карпеста, а делумно ливадестам Обраснато е со висок шамак до еден метар над површината. Чисто водоезерско огледало може да се види само во југозападниот дел, на околу 150 m² каде длабочината достигнува до само половина метар. Водата ја прима само преку едно поточе.[3].
Големо Дедељбешко езеро | |
Површина | 3.916 м2 |
Должина | 100 м |
Ширина | 80 м |
Длабочина | < 2 м |
Надморска висина | 1.980 м |
Планина | Шар Планина |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 58
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година