Голема кула (Лерин)
Голема кула (грчки: Μεγάλος Κουλές) — поранешна станбено-одбранбена кула во градот Лерин, Егејска Македонија.[1][2]
Μεγάλος Kουλές | |
Големата кула во 1912 г. | |
Место | Лерин |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°46′44″N 21°24′30″E / 40.7788° СГШ; 21.4083° ИГД |
Историја | |
Изграденo | XIX век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | срушена |
Местоположба
уредиКулата се наоѓала на денешната улица „Траки“ во историското Арнаутско Маало.[1]
Историја
уредиКулата е изградена во XIX век во византиски стил кој почнал доживува возобнова во XVII век поради немирноста на времињата. Се наоѓала спроти куќата на последнииот муфтија на Лерин, Мехмед Хулуси-ефенди. Марсел Коен, кој го посетил овој крај во 1918-19 г. кажува дека кулата е голема албанска куќа која стои празна во источниот дел на градот, близу реката. Вели дека до неа има пристап од улица „Венизелос“ (денес „25 Март“) и смета дека нејзините сопственици биле албански големци кои веројатно имале ниви во соседното поле обработувани од селани од приградското место Чифлик. Димитрис Мекасис вели дека кулата е многу силна градба, изградена од камен и тврди тули. Ѕидовите ѝ се дебели и, иако основата зафаќа 50 м2, внатрешноста е мала. Во висина достигала 8 до 10 метри. Надворешната врата е многу мала, а внатрешните камени скали водат кон горните катови. Кулата имала два ката. Таваните на двата ката биле полутопчести како купола, изработен од масивни тили. На секој надворешен агол на кулата има еркерно издадени помали кули. Освен тие четири кулички, имало и други, сместени по средината на двете најдолги страни на кулата. Така, имала вкупно шест кулички, како и уште една средишно поставена над вратата. Во 1928 г. кулата е купена од општината и во 1930 г. е срушена од градските власти под водство на градоначалникот Тего Сапунџиев.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Κουλές – Οδός Θράκης“ (PDF). Посетено на 20 јули 2020.
- ↑ „Μεγάλος Kουλές (Αμυντικός Πύργος)“. Florina QR. Архивирано од изворникот на 2023-03-04. Посетено на 21 август 2020.