Мала кула (Лерин)

кула во Лерин, Егејска Македонија

Мала кула (грчки: Μικρός Κουλές) — одбранбено-станбена кула во градот Лерин, Егејска Македонија.[1]

Мала кула
Μικρός Κουλές
Остатоците од Малата кула
Карта
МестоЛерин
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°46′41″N 21°24′19″E / 40.7781° СГШ; 21.4054° ИГД / 40.7781; 21.4054
Историја
ИзграденoXIX век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини
Прогласено заспоменик на културата

Местоположба

уреди

Кулата се наоѓа во центарот на градот, на улица „Тагматархис Фуледакис“, во дворот на Третата гимназија.

Историја

уреди

Кулата е изградена во XIX век.[1] Во 1985 г. е прогласена за споменик на културата.[2]

Арпитектура

уреди

Кулата е од одбранбен тип, типична за многу краишта на Балканот во XVIII - XIX век. Вакви кули граделе богати жители, обично со квадратен план и во допир со главната куќа.[1] Во архитектонски поглед Малата кула е квадратна и завршувала со купола.[2] Денес опстојува само долниот дел, на висина од 4,75 м и надворешни димензии од 6,80 × 6,82 м. Ѕидовите се дебели од 0,98 до 1,04 м, а внатре има скриени хоризонтални рамки од дрвен материјал на секои 3 метри. Влезот има дрвена хоризонтална носечка греда и полукружен свод од тули. Одвнатре сводот е остар. Куполата е изградена од тули и покриена со турски ќерамиди. Нагоре водат камени скалила, а покривот е од камени плочи.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Μικρός Κουλές (Αμυντικός Πύργος)“. Florina QR. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 21 август 2020.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β/Φ36/35754/788/8-8-1985 - ΦΕΚ 629/Β/18-10-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-07-20. Посетено на 20 јули 2020.