Глоговец
Глоговец или глогова пеперутка (Aporia crataegi) — голема пеперутка од семејството на пеперутки Белци. Оваа пеперутка е доста честа и широко распространета. Таа живее од Северозападна Африка, преку Кавказот и Сибир па сè до Јапонија. Пеперутката живее и во Македонија.[1]
Глоговец | |
---|---|
Мажјак | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Aporia |
Вид: | Глоговец |
Научен назив | |
Aporia crataegi (Linnaeus, 1758) |
Подвидови
уредиПодвидовите на глоговецот се:[2][3]
- Aporia crataegi adherbal (Фрушторфер, 1910) Јапонија
- Aporia crataegi augusta (Турати, 1905) Сицилија
- Aporia crataegi augustior (Грејвс, 1925) Јордан, Израел
- Aporia crataegi banghaasi (Брик, 1921)
- Aporia crataegi basania (Фрушторфер, 1910) Алпи
- Aporia crataegi colona (Куликовски, 1909) Русија
- Aporia crataegi crataegi (Лине, 1758) Скандинавија
- Aporia crataegi fert (Турати и Фиори, 1930) Грција
- Aporia crataegi hyalina (Ребер, 1907) Турција
- Aporia crataegi iranica (Форстер, 1939) Ерменија, Иран и Азербејџа
- Aporia crataegi karavaievi (Круликовско, 1926) Русија, Украина, Балкан и Македонија
- Aporia crataegi mauretanica (Обертур, 1909) Северна Африка
- Aporia crataegi meinhardi (Круликовски, 1909) Сибир, Камчатка (Русија)
- Aporia crataegi pellucida (Рубер, 1907)
- Aporia crataegi rotunda (Ајчбергер, 1971) Италија
- Aporia crataegi rutae (Брик, 1940) Шпанија
- Aporia crataegi sachalinensis (Матсумура, 1925) Сахалин (Јапонија, Русија)
- Aporia crataegi shugnana (Шелјужко, 1925) Памир
- Aporia crataegi tianschanica (Рул, 1893)
- Aporia crataegi transitoria (Лемпке, 1974) Средна Европа
-
Aporia crataegi ♂
-
Aporia crataegi ♂ △
-
Aporia crataegi ♀
-
Aporia crataegi ♀ △
-
Aporia crataegi augusta ♂
-
Aporia crataegi augusta♂ △
-
Aporia crataegi augusta♀
-
Aporia crataegi augusta♀ △
-
Aporia crataegi transitoria ♂
-
Aporia crataegi transitoria ♀
-
Aporia crataegi transitoria ♀ △
Живеалиште
уредиПеперугата живее на отворени ливади, градини и пасишта[4][5] низ скоро цела Европа, умерена Азија сè до Кореја и Јапонија.[2] Овој вид е исчезнат на Британските Острови.[5]
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугата изнесува од 51 до 71 мм.[4][6] Женките се во принцип поголеми од мажјаците. Крилјата се бели со изразени црни линии налик на вени.[4] Долната страна на мажјаците е слична како и горната, но кај женките таа е со кафеави линии. Поради триење, крилјата кај женките стануваат скоро проѕирни.[5] Јајцата првично се жолти, а подоцна потемнуваат. Гасениците се зеленкасти, а куклата е кремасто бела со црни бележници.
-
Aporia crataegi ♂
-
Aporia crataegi ♂ △
-
Aporia crataegi ♀
-
Aporia crataegi ♀ △
Биологија
уредиПеперугите летаат од април до јули.[6] Возрасните се социјални. Јајцата се положуваат на плодови растенија но и на дрва и грмушки.[2] Јајцата се положуваат во група од 30 до 100.[4] Ларвите излегуваат за 3 седмици. Гасениците тежнеат да седат во групи. Овој вид има една генерација секоја година.[5] Куклите траат околу 3 седмици.[4][6]
-
Парење
-
Јајца
-
Ларва
-
Кукла
-
Зимско гнездо
-
Возрасна единка
Наводи
уреди- ↑ „глоговец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Information on Aporia crataegi
- ↑ Butterflies of Norway
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Black-veined White: Aporia crataegi“. NatureGate. Посетено на 23 December 2013.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 UK Butterflies
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2019-07-22. Посетено на 2020-02-17.
Надворешни врски
уреди- Глогова пеперутка на НП Галичица. (македонски)
- Пеперутки и молци на Европа и Северна Африка (англиски)
- Pyrgus.de (англиски)