Алкил е едновалентен радикал кој содржи само јаглеродни и водородни атоми, поредени во синџир[1]. Алкилите образуваат хомолошки низи со општа формула CnH2n+1. Примери се метилот CH3· (добиен од метанот) и бутилот C4H9· (добиен од бутанот). Тие обично не се наоѓаат слободни во природата, а се присутни како дел од поголеми разгранети верижни органски молекули. Како одделни тие се слободни радикали и многу реактивни.

Структурата на еден алкил е иста како неговиот прав верижен алкански дел но без еден водороден атом. На пример, структурата на метилот (најмалиот алкил) е ваква:

Алкилите се радикали сè додека три од четири валентни електрони се користат во врзувањето на еден од јаглеродните атоми.

Додека се радикали, алкилите обично се наоѓаат како делови од поголеми структури. Радикалите се претставуваат во општите формули со помош на симболот R, како во општата формула на естерите. Во многу случаи R претставува алкил, иако може да е било кој радикал.

Наводи

уреди
  1. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "alkyl groups". doi:10.1351/goldbook.A00228