Гласам за љубовта
„Гласам за љубовта“ (српскохрватски: Гласам за љубав) — филм на режисерот Тома Јаниќ од 1965 година. Главните улоги ги играат: Вукосава Круниќ, Слободанка Марковиќ и Хермина Пипиниќ.[1]
Синопсис
уредиСлободан е момче со добро срце кое често се заљубува. Со своето размислување и однесување тој сака да докаже дека луѓето треба да престанат да живеат криејќи ги своите вистински чувства, слабости и желби. Единствената негова утеха во средината во која живее е Рашида, неговата девојка и пријателка која секогаш му дава патоказ во животот...