Главна бејзболска лига

Главна бејзболска лига (англиски: Major League Baseball, MLB) — професионална бејзболска организација во Северна Америка, една од петте професионални спортски лиги во САД и Канада. 30-те екипи се поделени во две лиги — Американска и Национална, кои пак се поделени во три дивизии — Источна, Централна и Западна. Двете лиги работеле како посебни правни лица од 1901 и 1876 г., соодветно, и биле споени во една спортска организација под раководство на Комесарот за бејзбол во 2000 г.[1] Лигата, исто така, ги надгледува помалите бејзболски лиги, кои се состојат од приближно 240 клуба поврзани со клубовите од Главната бејзболска лига. Заедно со Меѓународната бејзболска федерација, Лигата го организира Меѓународниот бејзболски класик.[2][3]

Трговската марка на Главната бејзболска лига

Првата професионална бејзболска екипа е создадена во 1869 г. во Синсинати. Раните децении на професионалниот бејзбол се одликувале со соперништво помеѓу лигите и играчите што постојано се менувале од еден клуб или лига во друг. Периодот пред 1920 г. е познат како ера на „мртвата топка“, каде играчите ретко погодувале хоум-ран.[4]

Наводи

уреди
  1. „Year In Review : 2000 National League“. baseball-almanac.com. Архивирано од изворникот на 2018-10-09. Посетено на 2014-08-30. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Year In Review: 2000 National League“. Baseball-Almanac.com. Архивирано од изворникот October 9, 2018. Посетено на September 5, 2008.
  3. Chass, Murray (September 16, 1999). „BASEBALL; League Presidents Out As Baseball Centralizes“. The New York Times. Архивирано од изворникот June 19, 2018. Посетено на May 29, 2018.
  4. Keating, Peter. „The game that Ruth built“. Boston.com. Архивирано од изворникот на September 18, 2011. Посетено на November 24, 2013.

Надворешни врски

уреди