Главна бескидска патека
Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ (полски: Główny Szlak Beskidzki imienia Kazimierza Sosnowskiego или GSB) — планинарска патека означена со црвена боја која поминува од Устроњ во Шлеските Бескиди до Волосате во Бјешчадите.
Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ | |
---|---|
Ознака на патеката | |
Должина | 496 км |
Местоположба | Бескиди, Полска |
Поаѓалиште | Устроњ 49°43′00″N 18°49′00″E / 49.716667° СГШ; 18.816667° ИГД Волосате 49°04′02″N 22°40′47″E / 49.067222° СГШ; 22.679722° ИГД |
Намена | планинарење |
Надморска височина | |
Највисока точка | 1.725 м м |
Најниска точка | м |
Поединости | |
Год. време | цела година |
Најдолга патека во полските планини, има околу 496 км[1] должина, поминува низ Шлескиот Бескид, Живјечкиот Бескид, Горце, Сондецкиот Бескид, Нискиот Бескид и Бјешчади. Поминувајќи низ највисоки делови на полските Бескиди овозможува искачување на: Стожек Вјелки (чеш. Велки Стожек), Барања Гура, Бабја Гура, Полица, Турбач, Лубањ, Прехиба, Раѓејова, Јавожина Криницка, Ротунда, Цергова, Хришчата, Смерек и Халич како и во населби како: Устроњ, Венгјерска Гурка, Јорданув, Рабка-Здруј, Крошченко над Дунајцем, Ритро, Крињица-Здруј, Ивонич-Здруј, Риманув-Здруј, Комањча, Цисна, Устжики Гурне итн.
Главната бескидска патека била трасирана во меѓувоениот период. Трасата на западен дел (Устроњ-Крињица) била проектирана од Кажимјеж Сосновски и совршена во 1929 г. Источен дел, согласно проект на Мјечислав Орлович, бил совршен во 1935 г. и е водел дури до Чорногора, којато се наоѓала во границите на Полска. Меѓу 1935 и 1939 г. била именувана по Јузеф Пилсудски.[2].
Рекорди
уредиВо моментов најкратко време на совладување на целата патека припаѓа на Маќеј Вјенцек (inov-8 team PL) и изнесува 114 часови и 50 минути. Овој подвиг успее да направи во деновите 20 - 24 јуни 2013 г.[3]. Порано скоро 7 години овој рекорд е припаѓал на Пјотр Клосович за којто во септември 2006 совладувањето на целата патека траеше 168 часови [4]. Обата натпреварувачи совладуваат ГСБ од исток до запад, но Пјотр Клосович направи тоа без поддржувачка екипа, додека Маќеј Вјенцек со поддршка.
Галерија
уреди-
Врв на Бабја Гура (1725 м, највисоката точка на патеката)
-
Турбач и Хала Длуга ("долга ливада")
-
Зграда на ПТТК (Полското туристичко друштво) на Турбач (Горце)
-
Поглед на Кичора од веригата на Љубањ
-
Верига на Љубањ (Горце) видена од веригата Пјењини
-
Врв на Раѓејова
Поврзано
уреди- Главна судетска патека — „Мјечислав Орлович“.
Наводи
уреди- ↑ Główny Szlak Beskidzki, wyd. Compass 2011, ISBN 978-83-7605-191-8
- ↑ „PTTK Dąbrowa Górnicza“. Архивирано од изворникот на 2015-02-23. Посетено на 2015-03-03.
- ↑ http://www.magazynbieganie.pl/glowny-szlak-beskidzi-pokonany-w-114-godzin-i-50-minut
- ↑ http://napieraj.pl/index.php?option=com_multicategories&view=article&id=180
Надворешни врски
уреди- Точна траса на патеката
- Извештај од ГСБ (август 2011) Архивирано на 27 декември 2014 г.
- Страница за ГСБ Архивирано на 7 септември 2019 г.
- Точен опис на траса на патеката
- Сето за Главната бескидска патека Архивирано на 28 јануари 2018 г.
- Обемна галерија на слики од патеката